Украина денеска побара Русија да биде исклучена од Обединетите нации, десет месеци по почетокот на инвазијата на руските трупи врз таа земја.
Украина ги повика земјите-членки на ОН да ја лишат Руската Федерација од нејзиниот статус на постојана членка на Советот за безбедност на ОН и целосно да ја исклучат од ОН – се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.
Како што е наведено, Русија незаконски го држи седиштето на Советскиот Сојуз во Советот за безбедност на ОН од 1991 година и неговото распаѓање во 15 нови земји.
 – Русија го узурпира местото на СССР во Обединетите нации“, се додава во соопштението.
 – Тоа се три децении незаконско присуство во ОН, кои беа обележани со војни и окупација на територии на други земји, принудни промени на меѓународно признатите граници и обиди да ги исполни своите нео-империјални амбиции – наведува Киев.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба во порака на Твитер вели дека „присуството на Русија во Советот за безбедност и во целост во Обединетите нации е нелегитимно“.