Нега и убавина
Жените секогаш бараат евтин, но ефикасен лек за побрз раст на косата. Еден од нив е витаминот Б3. Ниацинот, познат како витамин Б3, е способен да залекува рани, да ве заштити од кардиоваскуларни болести, да го намали холестеролот… Но, исто така, прави вашата коса прекуноќ да се претвори во густа грива.
Витаминот Б3 можете да го користите во ампули кога подготвувате домашни маски за коса. Дејствува на скалпот со зголемување на микроциркулацијата, која ги стимулира фоликулите на косата и ги поттикнува растот и зајакнувањето на косата.
Сепак, маската што се издвојува по својата ефикасност е маската со коњак. Сѐ што ви треба е да земете една лажица мед и една лажица коњак или ракија, ампула витамин Б3 и неколку капки рицинусово масло. Измешајте и нанесете на влажен скалп, оставете да стои од еден до два часа. Исплакнете со малку ладна вода без да користите шампон. Ставајте ја оваа маска на косата еднаш до два пати неделно.
И додека многумина може да се запрашаат од каде доаѓа коњакот во овој рецепт, треба да се нагласи дека коњакот ги зајакнува фоликулите на косата и го нормализира мрсниот скалп. Од друга страна, рицинусовото масло го навлажнува скалпот и го отстранува првутот.