Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Лионел Меси е прогласен за спортист на годината за 2022 година, во изборот на „Би-би-си“.
Аргентинскиот напаѓач ќе ја добие наградата Светска спортска ѕвезда на „Би-би-си спортс персоналити“.
Наградата се доделува на спортистот кој го постигна најзначајниот успех на светско ниво во текот на годината.
Меси го освои Светското првенство во 2022 година со Аргентина и беше прогласен за најдобар играч на турнирот.
Во 2021 година, Би-би-си ја прогласи Ирката Рејчел Блекмор за најдобра.
Таа стана првата жена џокеј што освоила Гранд Национал во 182-годишната историја на трките.