Ова беше најдобрата групна фаза на светските првенства. Има рекордни бројки на ТВ-гледачи, по групната фаза посетеност од 2,45 милиони за првите 48 меча, имаше вкупно 28 гола рекорд за осминафинале, фантастична атмосфера, одлични голови, неверојатни возбудувања и изненадувања. Првпат има репрезентации од сите континенти во нокаут-фазата, рече Инфантино, претседателот на ФИФА
Ги видов сите натпревари, навистина, и кажано многу едноставно и многу јасно, ова беше најдобрата групна фаза на светските првенства досега. Тоа е многу ветувачко за остатокот од Светското првенство. Натпреварите беа со одличен квалитет на прекрасни стадиони, тоа веќе го знаевме. И публиката што беше таму беше неверојатна. Над 51.000 во просек. Рекордни бројки има на ТВ, веќе имавме над две милијарди гледачи, што е навистина неверојатно. Два и пол милиони луѓе на улиците на Доха и неколку стотици илјади секој ден на стадионите, сите заедно, навиваат заедно, ги поддржуваат своите репрезентации, фантастична атмосфера, одлични голови, неверојатни возбудувања и изненадувања, рече претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, во пресрет на четвртфиналните натпревари на Светското првенство (СП) во Катар, пренесе ФИФА на својата интернет-страница.
На годинашното Светско првенство првпат во историјата на турнирите селекции од сите континенти беа претставени во осминафиналето.
– Нема веќе мали и нема големи репрезентации. Нивото е многу, многу еднакво. И првпат има репрезентации од сите континенти во нокаут-фазата. Ова покажува дека фудбалот навистина станува глобален. Има рекордни бројки на ТВ, веќе имавме над две милијарди гледачи, што е навистина неверојатно. Бројките објавени по групната фаза покажаа кумулативна посетеност од 2,45 милиони за првите 48 натпревари, а во осминафиналето имаше вкупно 28 гола, најмногу од воведувањето на осминафиналето во 1986 година – рече претседателот на ФИФА.