Репрезентација на Мароко вечерва се пласираше во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, откако ја победи Шпанија со изведувањето на пенали со 3:0. Ниту во стандардниот дел од 90 минути, ниту во продолженијата немаше голови, па натпреварот беше решен со изведување пенали во кои херој беше мароканскиот голман Боно.
Шпанците важеа за фаворит, меѓутоа Мароканците се покажаа како сериозен рамноправен противник. Во првото полувреме најголеми шанци имаа Марко Асенсио за Шпанија и Најеф Агерд за Мароко. Второто полувреме и двете репрезентации го одиграа без ризична тактика, иако во финишот доминираа Шпанците.