Почнувајќи од утре, па до 6 ноември, на Факултетот за драмски уметности – Скопје, ќе се одржува познатиот интернационален студентски филмски и театарски фестивал „Скомрахи“, кој датира од 1988 година. „Скомрахи“ презентира разни интернационални студентски продукти од областа на театарот и филмот, а наедно, како што велат неговите организатори, има за цел да го прикаже културниот контраст на секојдневието и да ја разбие монотонијата.

Синоќешното свечено отво­­рање беше со испитната претстава „ММЕ кој прв почна?“ на Дејан Дуковски, на студентите по актерска игра од трета година од истиот факултет, во класата на проф. Мими Таневска. Програмата започнува секој ден во 17 часот, а влезот е бесплатен.