Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информира дека е добиена согласност од Собранието на Република Северна Македонија, за намалување на висината на месечниот надомест, што го наплаќа Агенцијата од пензиските друштва, за 2023 година на 0,7 отсто од уплатените придонеси во секој пензиски фонд со кој управуваат друштвата.
– Согласно член 56 став (3) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување е пропишано дека Агенцијата наплатува месечен надомест на товар на пензиските друштва најмногу до 0,8 проценти од секој уплатен придонес во претходниот месец во пензиските фондови со кои управуваат. Пресметките на Агенцијата покажаа дека месечниот надомест за 2023 година, треба да изнесува 0,7 отсто од уплатените придонеси во секој пензиски фонд со кој управуваат друштвата. За очекуваниот прилив на придонеси беа користени проценки за прилив на придонеси во задолжителните и во доброволните пензиски фондови во 2023 година – појаснија од МАПАС.
Со овој чекор, како што се наведува во соопштението, се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за развој на пензискиот систем, како и повеќе можности во интерес на членовите на пензиските фондови