Фото: СЗО
Светската здравствена организација објави дека ќе започне да користи нов термин – „мпокс“ – како синоним за мајмунски сипаници и ги повика другите да го следат примерот по реакциите дека сегашното име на болеста е расистичко и стигматизирачко.
– И двете имиња ќе се користат истовремено во период од една година, а терминот ‘мајмунски сипаници’ ќе биде укинат – соопшти СЗО.На почетокот на годината, организацијата започна јавни консултации со цел да се најде ново име за болеста.

Еден од најпопуларните предлози беше името „мпокс“ или „Мпокс“, предложено од машката здравствена организација РЕЗО. Нејзиниот директор рече дека отстранувањето на фотографии од мајмуни придонело луѓето сериозно да ја сфатат итната здравствена ситуација.