Од недела под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со опаѓање на температурата на воздухот.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има повремени врнежи, кои заради заладувањето во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините и на повисоките места ќе се формира снежна покривка, особено во западните делови.