Фото: kcnawatch.org

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, денеска за прв пат пред светката јавност покажа фотографии од неговата ќерка. На едната фотографија се прикажани Јонг-ун и неговата ќерка непосредно пред лансирањето на најголемата балистичка ракета во земјата, што било изведено во петокот, на 18 ноември, јави корејската државна новинска агенција КЦНА.

Агенцијата КЦНА во објавата не го именува девојчето, туку само прикажува фотографија како девојчето во бел мантил го држи за рака севернокорејскиот лидер, додека го гледаат џиновскиот проектил.

Фото: kcnawatch.org

Северна Кореја вчера ја тестираше интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-17 (ИЦБМ), објави во саботата државната новинска агенција КЦНА.

-Ова е првпат да ја видиме ќерката на Ким Џонг Ун на јавен настан“, изјави Мајкл Маден, експерт за севернокорејското раководство во центарот Стимсон со седиште во САД – а пренесоа светските новински агенции.