Извршната директорка на Рурална Коалиција Лиљана Јоноски и претседателката на Здружението за локален развој „Локал Арт“ од Македонски Брод, Магдалена Здравеска, синоќа во Кичево потпишаа меморандум за соработка. Овој меморандум е знак за продлабочена на соработката помеѓу двете здруженија неопходна за унапредување на локалните заедници.
– Меморандумот што синоќа го потпишавме со извршната директорка на Рурална Коалиција, Лилјана Јоноски, ќе придонесе да се продлабочи соработката помеѓу двете здруженија и ќе се даде поттик за активности на сите чинители, вклучувајќи ги младите, жените, бизнис-секторот и локалните власти од двете општини. Беше договорено да се соработува во сите области кои се од заедничко значење и што ќе придонесат кон унапредување на квалитетот на животот во локалните заедници – нагласи Здравеска. З.А.