Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко на својот руски колега Владимир Путин денес му подари трактор за неговиот 70-ти роденден.
Лукашенко му го предаде сертификатот за тракторот на Путин во Санкт Петербург на состанокот на лидерите на неколку поранешни советски републики.
Тракторите се гордост на белоруската индустрија уште од советско време.
Лукашенко изјави дека и тој во својата градина користел сличен модел на трактор како тој што му го дал на Путин.
Во говорот на почетокот на состанокот, Путин не го спомна подарокот.
Тој зборуваше за потребата да се разговара за начините за решавање на конфликтите меѓу поранешните советски републики и ја истакна потребата од размена на информации во борбата против тероризмот, трговијата со дрога и други форми на криминал.