Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 745 тестови, а регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19: Скопје – 52, Куманово, Прилеп и Велес – по 3, Гевгелија, Неготино и Берово – по 2, Битола, Тетово, Кавадарци, Охрид, Гостивар, Струмица, Свети Николе и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 23 реинфекции.
Регистрирани сe 94 оздравени пациенти од: Скопје – 47, Битола – 11, Прилеп – 7, Ресен – 6, Куманово – 5, Штип – 4, Кичево и Радовиш – по 3, Тетово – 2, Кавадарци, Велес, Гостивар, Неготино, Богданци и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (56г) и Кавадарци (84г), починати во период од 21 септември до 2 октомври, лицата се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.164.862 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.143, бројот на оздравени пациенти е 333.158, на починати е 9.539 а бројот на активни случаи изнесува 446.