Концертот „Есенски ветер-4“ ќе се одржи вечерва во големата сала од Центарот за култура во Кичево, со почеток во 20 часот.
На концертот ќе учествуваат Бесијана Мехмеди – мецосопран, Шкељзен Бафтијари -пијано, диригент на оркестарот „Грифон“ ќе биде Агона Чупи, а специјален гостин на овој музички настан ќе биде кларинетистот Шкумбин Бајрактари.
– Првиот музички настан во Кичево во месец септември е вечерашниот концерт со работен наслов „Есенски ветер-4“. На концертот соната од Бетовен ќе изведе Шкељзен Бафтијари во придружба на оркестарот „Грифон“, ќе бидат изведени и нумери од Жорж Бизе и поголем број на албански песни. Се надеваме дека со нашата изведба и репертоар ќе ги задоволиме присутните гледачи во салата од Центарот за култура во Кичево- истакна диригентот Агона Чупи. З.А.