Изложбата на Никола Пијанманов, „Премин“, ќе биде поставена во фоајето на центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, денеска, од 7 до 9.45 часот. Николај Берѓаев за изложбата пишува дека „длабокиот однос кон животот не може да не биде поврзан со трансцедентниот ужас пред тајната на смртта, иако тој нема ништо заедничко со секојдневниот животен страв“.
– Преминот преку временото во вечното е скок преку бездната. Во грешниот и паднат свет, тој скок се нарекува смрт. Реализацијата на полнотата на животот претпоставува постоење на смртта. Христос со,,смртта смртта ја уништи“. И во таа смисла, смртта има позитивно значење. Бесмртноста е задача на секоја личност, затоа што само така се реализира целосниот живот на личноста. Смртта го раздвојува човекот и го остава раздробен на парчиња. Воскресението спојува, обединува – вели Берѓаев за изложбата.

Никола Пијанманов дипломирал во класата на професорот Рубенс Корубин, во 2005 година, на Факултет за ликовни уметности. Има реализирано голем број самостојни изложби.