фото: Зоран Антоски

Манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ во Кичевско за големиот верски празник Рождество на мајката божја беше посетен од повеќе илјади граѓани од сите делови на земјата.

фото: Зоран Антоски

– Голем број на верници ноќеваа во манастирските конаци, а сите што го посетија манастирот покрај што се помолија за здравје, во манастирот оставија и по некој подарок. Најмногу од верниците се молеа пред Чудотворната икона која се верува дека има и исцелителна моќ – информира Бошко Сарафилоски верник и црковен активист од Кичево.

З.А.