По критиките за отфрлената референдумска иницијатива
Претседателот на Собранието, Талат Џафери во вечерашното гостување на ТВ24 рече дека нема зошто тој да поднесе оставка по отфрлањето на иницијативата за референдум од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата на 9 септември ја достави иницијативата до Собранието за одржување референдум за поништување на Договорот со Бугарија, а претходно на 5 септември нејзиниот Извршен комитет го усвои референдумското прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“.
-Зошто да дадам оставка? Кој вика дека сум ја прекршил процедурата? Кој повикува на тоа? Кои се тие? – рече Џафери.
Откако новинарката ги наброја професорите кои го критикувале за оваа одлука и кои сметаат дека тој треба да си поднесе оставка, меѓу кои Мирјана Најчевска
и Денис Прешова, за секој од нив имаше реакција.
– Иии. Се големи… – реагираше Џафери.
По ова, претседателот на Собранието се обиде да ја ублажи својата реакција.
-Ги почитувам за она што се професори и теоретичари. Но, ниту еден од нив не се соочил со спроведување на прописи. Едно е теоретското, друго е практичната примена. Јас не толкувам, јас спроведувам – рече Џафери.
Тој истакна дека целосно го испочитувал Уставот како највисок правен акт и оти надлежост на претседателот на Собранието е да ја испитува уредноста на иницијативите.
-Должен сум да ја имам суштината предвид. Нека покренат кривична пријава. И претходно покренаа кривични против моите одлуки, и сите одлуки се во моја полза – рече собранискиот спиекер.
– Едно е теоретското разгледување и размислување по однос на тоа што значи прописот, тоа е научна хипотеза, а друго е практичната примена на носителот на функциите. Јас како носител на функција толкувам и спроведувами тоа е она за што се изнајснив во моментот на мојот избор. Како што е процедурата, сум дал заклетва и сум се обврзал да го почитувам уставот и законите. Не е случувајно што во изјснувањето на носителот на функцијата тоа е хиерариско поставување. Како претседател на Собранието треба да водам сметка за уставот и последователно и другите законски решенија кои ги пропишуваат нештата. Уставот е највисокиот правен акт и тој е над сите други правни акти. Јас целосно го испочитував Уставот како највисок правен орган. Некој мисли дека јас сум толкувал нешто. Проблемот е што сите мислат дека јас толкувам Устав, јас не толкувам Устав, јас го спроведувам – рече Џафери.
Претседателот на Собранието, рече тој, ја испитува уредноста на иницијативата.
– И сите мислат дека го толкувам Уставот. Како уставна категорија, два прописа се значителни и решителни за работата на Собранието, Уставот и Деловникот. Должен сум да ја имам суштината в предвид. Нека покренат кривична пријава, стопати претходно покренаа кривични против моите одлуки. Сите одлуки се во моја полза – рече Џафери.
Тој повтори дека не прави преседан.
-Јас како претседател на Собрание уште еднаш докажувам дека врз основа на мојата прва изјава од 2017 година дека нема да дозволам да се узурпира институцијата Парламент и не зависам од ниту една полиитчка одлука која и да е. Ако имаат проблем во смисла дека не смеам јас тоа да го кажам, туку требало Уставниот суд, секој граѓанин има право да го оспори моето известие. Јас спроведувам Устав. Јас сум убеден дека работа што е недозволива, не смеам да ја пуштам во процедуриска процедура. Одлуката не ми е политичка, туку е моја обврска како претседател на Собранието. Нема да дозволам да се узурпира институцијата Парламент, и не зависам од ниту една политичка одлука, ниту од мојата партија и лидерот Ахмети. Тој не може да одлучува за она што мене ми е пропис, зошто утре тој нема да одговара – рече Џафери.