Европската комисија почнува со нова иницијатива за поддршка за уметниците од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.
Со пет милиони евра Европската комисија ќе ги поддржува уметниците и културните организации во Украина преку програмата Креативна Европа во 2023.
Со ова на Украина и се помага да биде дел од Креативна Европа и да ја подготви поствоената состојба во областа на уметноста и културата.
Комесарката за култура, Марија Габриел, истакна дека „културата ни помага да се справиме со трауматични настани“ и дека таа е суштински дел од нашите животи.
– Многу сум задоволна што ќе придонесеме да им се помогне на раселените Украинци во војната да имаат пристап до културата – рече таа.
Три проекти ќе бидат избрани за финансирање во соработка со други земји учеснички во програмата Креативна Европа заедно со украинските организации.
Повикот е отворен до 29 ноември.