Њујорк тајмс повикувајќи се на американски разузнавачи објави дека Русија купува артилериска муниција од Северна Кореја, што е доказ дека почнале да дејствуваат санкциите и се намалува способноста на Москва за инвазијата врз Украина.
Весникот наведува дека неодамна декласифицираните податоци покажуваат дека Русија од Северна Кореја купила артилериски гранати и ракети.
Минатиот месец неименуван американски претставник изјави дека руските дронови од иранско производство претрпеле „бројни дефекти“ во Украина и оти Москва најверојатно планира да набави стотина беспилотни летала (УАВ) од серијата Мохајер-6 и Шахед.
Западните санкции ја ограничуваат Русија да ги замени уништените возила и оружје во Украина.
Украина неодамна почна контраофанзива на неколку локации, вклучувајќи ја и областа Херсон, што руските сили ја окупираа на почетокот на инвазијата. Како подготовка за овие напади, украинските сили ги нападнаа руските области за снабдување, вклучително и складишта за муниција.