Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека очекува Велика Британија, и за време на мандатот на премиерката Лиз Трас, да ги почитува сите аспекти од договорот за Брегзит.
– Заедно се соочуваме со бројни предизвици, од климатските промени до руската инвазија на Украина. Се радувам на конструктивна соработка, со целосно почитување на нашите договори – напиша Фон дер Лајен во објавата на Твитер.
Трас денеска победи на внатрепартиските избори за лидер на Конзервативната партија во трката со поранешниот министер за финансии Риши Сунак.
Таа утре треба да стане и премиерка, кога кралицата Елизабета Втора ќе ја повика да формира нова влада, на прием во замокот Балморал во Шкотска.