Фармацевтската компанија „Модерна“ ги тужи „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бионтек“ за кршење на патент во развојот на првата вакцина против ковид-19 во САД, тврдејќи дека тие ја копирале технологијата што „Модерна“ ја развила повеќе години пред пандемијата.
Тужбата, со која се бара неодредена парична отштета, е поднесена во американскиот Окружен суд во Масачусетс и Регионалниот суд во Дизелдорф, Германија, соопшти денеска „Модерна“.
– Ги поднесуваме овие тужби за да ја заштитиме иновативната мРНА технолошка платформа што први ја развивме, инвестиравме милијарди долари во создавањето и ја патентиравме во текот на деценијата што претходеше на пандемијата на ковид-19, рече извршниот директор на Модерна, Стив Банселс во изјавата.