Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,31% во однос на одлуката од 22 август.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3 ден/лит.
Од 25.8.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 89 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 91,5 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 96,5 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 93 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 51,686 (денари/килограм)