Делови од телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги се пронајдени во бунар на територијата на резиденцијата на Генерал конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, изјави лидерот на турската партија Ватан, Догу Перинчек за турскиот портал “Хаберлер“.
– Дознав од сигурни извори во безбедносната служба во Истанбул дека телото на Кашоги е пронајдено во бунар, што се наоѓа во градината на територијата на резиденцијата на Генералниот конзулат на Саудиска Арабија, посочи Перинчек.
Саудискиот новинар и дописник на „Вашингтон пост“, Кашоги е убиен во Саудискиот конзулат во Истанбул во тепачка. По повеќедневно демантирање, официјален Ријад во петокот призна дека Кашоги е убиен во Конзулатот во непланирана „караница и тепачка“.
Поради тоа уапсени се 18 лица и сменет е висок претставник на саудиската разузнавачка служба.
Кашоги исчезна на 2 октомври, а последен пат е виден како влегува во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.