Македонските универзитети и годинава ги нема меѓу најдобрите илјада во светот, според Шангајската листа за рангирање на светските универзитети што беше објавена денеска.
Највисоко рангирани на најновата листа се американските универзитети „Харвард“, „Стенфорд“, Институтот за технологија во Масачусетс, како и британски „Кембриџ“.
Триесет и девет универзитети од САД се во првите сто, додека Кина има девет, Германија четири, а меѓу стоте најдобри се и универзитети од Франција, Шведска, Данска, Швајцарија Израел, Јапонија, Австралија, Канада…
Универзитетот во Атина се наоѓа од 300 до 400 место, додека Универзитетот во Белград, Универзитетот во Љубљана и Универзитетот во Загреб се рангирани од 400 до 500 место, а Универзитетот во Нови Сад е од 900 до 1.000 место, меѓу претставниците од регионот на листата.