Кадетската ракометна репрезентација на Македонија е победник на ЕХФ шампионатот во Летонија откако во драматичното финале славеше над селекцијата на Швајцарија со 24-22.
Со триумфот над Швајцарија македонските кадети обезбедија место на следното ЕП за младинци 2024 и СП за кадетии 2023.
Голманот Давид Брестовац беше избран за МВП на големото финале, а најефикасни во нашиот тим беа Томислав Димковски со седум и Александар Петковски со шест погодоци.
Претходно „црвено-жолтите“ во полуфиналето доминантно славеа над врсниците од Луксембург (32-22), а супериорни беа и во мечевите од групната фаза со Турција (34-19), Косово (39-16) и домаќинот Литванија (33-23).