Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека Србија е на историски максимум во резервите на природен гас, јави дописникот на МИА од Белград.
-Обезбедивме 262 милиони кубни метри гас во нашиот дел од магацинот во Банатски двор, а купивме уште 200 милиони кубни метри кои ги складиравме во Унгарија, само за потребите на Србија – напиша Вучиќ на инстаграм профилот „будуќностстбијеав“.
Тој додаде дека државата ги ремонтира сите термо капацитети што може и се обидува да отвори нови наоѓалишта на јаглен.
-Сѐ на сѐ, сигурен сум дека граѓаните на Србија ќе имаат барем за нијанса помалку студена зима од она што го очекувавме – изјави Вучиќ.