– Тоа не е чудно. Тоа не е катастрофа. Папата можете да го смените – рече папата Франциск.
Тој изјави дека до сега не размислувал да се повлече, но сепак сфаќа дека барем треба да забави.
– Мислам дека на моја возраст и со овие ограничувања морам да штедам (енергија) за да можам да и служам на црквата или да размислувам за можноста да се повлечам – рече Папата.
На почетокот на годинава тој ги истегна лигаментите на десното колено, а поради терапија мораше да го откаже патувањето во Африка, планирано за првата недела од јули.
– Ќе се обидам да продолжам да патувам и да бидам близок со луѓето, бидејќи мислам дека тоа е начинот на кој треба да се служам, да бидам во близина. Но, не можам да кажам повеќе од тоа – рече папата Франциск.