Фото: Пиксабеј

Кина соопшти дека денеска спроведува воени вежби во близина на нејзиниот брег свртен кон Тајван.

Новинската агенција Ксинхуа објави дека кинеската војска спроведувала вежби со пукање во близина на островот Пинган кај провинцијата Фуџијан од 8 до 21 часот. Кинеската управа за поморска безбедност ги предупреди бродовите да ја избегнуваат областа.

Ваквите вежби обично вклучуваат артилерија. Сепак, во соопштението не е прецизирано дали во вежбата би можело да бидат вклучени и проектили, борбени авиони или друго оружје.

Претходно оваа недела, Кина ја предупреди претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси да се откаже од плановите да го посети Тајван, кој Пекинг го смета за кинеска територија.