Коњичкиот клуб Анималс од Скопје на теренот на клубот во населбата Дрма, утре со почеток во 8.30 часот ќе го одржи вториот Јулски коњички турнир и второто коло од Првенството на Македонија во дресурно јавање за 2022 година според план-календарот на Федерацијата за коњички спортови на Македонија. На програмата се три натпревари во категоријата А, категоријата М и во категоријата ЛМ со избор на слобона програма и музика во траење од 3-4 минути.
Коњичкиот клуб Бравадос од Скопје пак, на теренот на клубот во Волково, во недела ќе ги одржи третиот Јулски коњички турнир и четвртото коло од отвореното лига-првенство на Македонија во прескокнување пречки за 2022 година, според план-календарот на Федерацијата за коњички спортови на Македонија. Натпреварите почнуваат во 8.30 часот. На програмата се пет натпревари, со височина на пречките од 0,80 до 1,15-1,25 м.
Г.И.