Рудари во Ангола ископале редок чист розов дијамант за којшто се верува дека е најголемиот пронајден последниве 300 години, објави денеска австралискиот оператор на рудникот „Луло“.
Розовиот дијамант од 170 карати, наречен „Луло Роз“, е откриен во североисточниот дел на земјата – инаку богат со дијаманти, и е еден од најголемите розови дијаманти некогаш пронајдени, соопшти компанијата „Лукапа дајмонд“. Историското откритие на дијамантот од типот „IIa“ – еден од најретките и најчисти видови природен камен, појасни Владата на Ангола, којашто е партнер во рудникот.
– Овој рекорден и спектакуларен розов дијамант ископан во Луло продолжува да ја претставува Ангола како важен играч на светската сцена, истакна министерот за минерални ресурси, нафта и гас на Ангола, Дијамантино Азеведо.
Дијамантот ќе оди на меѓународна аукција. Цената сѐ уште не е соопштена.