Мобилни телефони, поголема сума на пари, ножеви и повеќе други остри предмети, метални шипки, како и психотропни супстанции биле пронајдени при денешните претреси на полицијата во затворот во Штип. Претресите биле извршени во 11 ќелии во различни одделенија од затворот, кај 39 осуденици, во периодот од 6 до 9 часот утрово.
Дел од пронајдените предмети, како што додадоа надлежните, се одземени за понатамошна постапка од страна на СВР Штип, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.