Научниците откриле дека комбинирањето на информациите за образецот на крвните садови во мрежницата и традиционалните клинички фактори може да овозможат подобра идентификација на ризик од срцев удар. Овие сознанија се опфатени во најновата студија за која пишува Би-би-си.
Сознанијата ќе бидат претставени на годишната конференција на Европското друштво за човечка генетика во Виена и во него детално се објаснува начинот на кој се користени податоците од британската Биобанка, која содржи 500.000 медицински и животински записи.
Потоа е направен модел, каде што овие сознанија се комбинирани со следните фактори: старост, пол, крвен притисок, индекс на телесна маса, пушачки статус.
Потоа се анализирани луѓе во базата на податоци, кои доживеале срцев удар и чии снимки на мрежницата постојат во архивата.
Според зборовите на научниците, со анализа се покажало дека постои заедничка генетска основа меѓу фракталната димензија и инфарктот на миокардот.
Просечната старост на пациентите што доживеале срцев удар е 60 години.
Истражувачите откриле дека кај овие пациенти во мрежницата пет години пред да дојде до срцев удар се забележувале промени што укажувале на тоа.
– Истражувањето на индивидуалниот ризик од инфаркт на миокардот кај лица постари до 50 години би им овозможило на лекарите да предложат мерки тој ризик да се намали – како откажување од пушење, контрола на нивото на холестеролот и на крвниот притисок – нагласува д-р Вилаплана Веласко.