Фото: Игор Бансколиев

Екипата на Линколн од Гибралтар е ривалот на Шкупи во првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите. Вака одлучи денешната ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Првиот натпревар ќе се игра на 5 или 6 јули, реваншот ќе биде на 12 или 13 јули.

Македонскиот фудбалски шампион првиот меч ќе го игра на домашен терен во Скопје.

Тимот од Чаир е фаворит во пресметката со Линколн, кој беше најпосакуваниот противник од можните ривали во третата група.


Шкендија против Ерменците, а Академија Пандев против Полјаците во Конференциската лига

Двата македонски претставника во првото квалификациско коло од Конференциската лига, денеска ги добија своите противници.

На извлекувањето во Нион, Академија Пандев за ривал го доби Лехија Гданск од Полска, додека Шкендија ќе се соочи со Арарат од Ерменија.

Шкендија треба првиот меч да го игра на домашен терен, струмичани ќе гостуваат.

Првите натпревари се закажани за 7 јули, реваншите седум дена подоцна.

Победникот на Купот на Македонија, екипата на Македонија ЃП директно се пласира во второто коло.