Фото: Маја Јаневска-Илиева

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска (од 19 часот) во Тирана треба да го одигра четвртиот натпревар во Европската сребрена лига, група Б, против Албанија, селекција од која токму во претходното коло загуби со 1-3 во Скопје, со што си ја искомплицира ситуацијата на табелата за пласман на фајналфор-турнирот.
Натпреварот е мошне значаен за избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ за учество на фајналфорот. До крајот на групната фаза потоа остануваат уште средбите со Романија в среда во Скопје и на 11 јуни на гости кај селекцијата на БиХ, во Тузла.
Најдобрите две репрезентации од двете групи ќе се пласираат на фајналфор-турнирот во Будимпешта, на 18 и 19 јуни, на кој веќе се пласираа Унгарија и Финска од групата А. Вкупниот победник на Европската сребрена лига ќе обезбеди учество во изданието на Европската златна лига во 2023 година.


ГРУПА Б, 4. КОЛО

БиХ – Романија 16 ч.
Албанија – Македонија 19 ч.
ТАБЕЛА
Романија 3 3 0 9-3 8
Македонија 3 1 2 6-6 4
Албанија 3 1 2 6-7 4
БиХ 3 1 2 3-8 2