Од 8 до 15 мај
Со пригоден настан за граѓаните, членовите и поддржувачите, Општинската организација на Црвениот крст – Гевгелија, во саботата, на градскиот плоштад, ја одбележа Неделата на Црвен крст на Македонија (од 8 до 15 мај).
На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, а свој перформанс имаа и „Мистик денс“, децата од ЈУ ДГ „Детска радост“, бендот „3-та доза“, како и волонтерите од Клубот на млади при ОО ЦК Гевгелија.
– Предизвиците што беа пред нас беа големи, заедно постигнавме многу, но и продолжуваме да постигнуваме. Со гордост можам да најавам два големи проекти, кампања за едукација на 25.000 ученици за значењето на првата помош како проект на Црвениот крст на Македонија и проектот „И јас сум Црвен крст“ на општинската организација на Црвениот крст – Гевгелија, со кој секое семејство од општината ќе има најмалку по еден наш волонтер, член или поддржувач – истакна секретарот на ОО ЦК Гевгелија, Лазар Мешков.
Беше упатена благодарност до сите присутни граѓани, како и до сите чинители вклучени во реализација на настанот.
Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува во сите 192 национални друштва, во чест на основоположникот на движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Анри Динан, кој е роден токму на 8 мај.
Факел на животот
Крвта на бабите и дедовците
тече во вашите вени,
од мама и тато се вашите гени,
вие сте сјајот на сонцето,
на ѕвездите и на месечината,
во вас се убавината
и добрината,
во вас е иднината!
За вас поетите
со љубов пишуваат,
сите прашања и одговори
со вас завршуваат.
Вие сте главни актери на сцената –
факелот на животот
што ја осветлува вселената.
Димитар Алачки