По победата на Украина на „Евровизија“
Нашата храброст го импресионира светот, а нашата музика ја освојува Европа, објави украинскиот претседател Владимир Зеленски, на Фејсбук, по победата на Украина на „Евровизија“.
– Третпат во својата историја, и верувам дека не е последен. Ќе се потрудиме еден ден да ги примиме учесниците и гостите на „Евровизија“ во украинскиот град Мариупол. Слободен, мирен, реконструиран – наведе Зеленски.
Тој му се заблагодари на бендот „Калуш Окрестра“ за победата со песната „Стефанија“, како и на сите што гласаа за Украина.
– Сигурен сум дека не е далеку нашиот победнички хор во борбата против непријателот. Слава на Украина – напиша Зеленски на Фејсбук.