Некои од најголемите европски енергетски компании се подготвуваат да го користат новиот систем за плаќање на рускиот гас што го бара Кремљ, односно да се согласат со барањето на рускиот претседател Владимир Путин, објави „Фајненшл тајмс“.
Британскиот весник, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, пишува дека големите дистрибутери на гас во Германија, Австрија, Унгарија и Словачка планираат да отворат сметки во рубли кај „Гаспромбанк“ во Швајцарија за да го задоволат барањето на Русија за плаќање на гасот во таа валута. Групата наводно ги вклучува двата најголеми увозници на руски гас – германски „Унипер“ и австриски ОМВ, наведува „Фајненшл тајмс“.
Критичарите велат дека таквиот потег ќе ги поткопа европските санкции кон Русија, како и единството на Европската Унија и на крајот ќе одлее милијарди во руската економија. Руското барање за плаќање на гасот во рубљи беше оценето како уцена од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.