Ѕвездите на рускиот фудбал, репрезентативците Александр Кокорин од Зенит и Павел Мамаев од Кубан Краснодар, го претепале во ресторан во Москва рускиот политичар Денис Пак и неговиот колега Сергеј Гаисин.
Пак, висок функционер во руското Министерство за индустрија и трговија и еден од највлијателните луѓе во Москва, им порачал на видно алкохолизираните и гласни Кокорин и Мамаев да бидат потивки. На тоа двајцата го нападнале Пак, при што Кокорин со столица го нападнал политичарот кој се здобил со потрес на мозокот.
Сопругата на Кокорин му се извини на Пак и наведе дека фудбалерите биле пијани.
Павел Колобков, руски министер за спорт, порача дека Кокорин и Мамаев повеќе никогаш нема да заиграат за репрезентацијата.
Но се појавија и други снимки, кои покажуваат како фудбалските ѕвезди уште пред да влезат во ресторанот, на паркингот претепале човек кој таму се паркирал.
Курбан Краснодар објави дека Мамаев е суспендиран и дека клубот работи на раскинување на договорот со него.
Зенит порача дека го чека полицискиот извештај за да одлучи дали ќе го казни својот фудбалер.
Football players from Russia Kokorin and Mamaev beat visitors to the cafe. pic.twitter.com/2FeOWm6uVi
— GoalTV (@GoalTV17) October 8, 2018