Руските сили ноќеска отпочнаа масовен артилериски и ракетен бараж долж боиштето во Источна Украина, за кој украинските власти истакнаа дека претставува почеток на нова офанзива што треба да ја развлече линијата на фронтот од Харков на северот до Мариупол на југот, пишува „Политико“.
По артилериските удари врз Харков и Николаев, украинскиот претседател Владимир Зеленски порача дека „руските сили ја почнале битката за Донбас, за која се подготвувале долго време“. А секретарот на украинскиот Советот за национална безбедност и одбрана, Алексеј Данилов, нагласи дека „почнала активна фаза на руската офанзива е почната долж речиси целата линија на фронтот“, што сигнализира оти се очекува нова фаза во седумнеделната војна.
Рускиот гамбит на Донбас – три полиња за пресудната битка
Западните медиуми наведуваат дека нападот уследил откако Русија во изминатите две недели брзо распоредила десетици илјади трупи околу Донбас, додека украинските власти се надеваат дека ќе го одбранат Истокот со оружјето итно доставено од САД и западните сојузници, како што беше случајот со Киев. Но, западната помош за судирот што се очекува да биде поинаков во Донбас само што почна да пристигна и не секогаш е во согласност со очекувањата на украинското водство. Властите во Киев долго апелираа за борбени авиони и системи за противвоздушна одбрана, како и оружје од арсеналот на НАТО со поголема прецизност, што би можело да ги собори руските ракети и авиони.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден минатата недела соопшти дека ќе прати нов пакет на воена помош за Украина, што се смета за пресвртница во однос на досегашното колебање на САД за објавување на информации поврзани со контактите помеѓу американските и украинските трупи. Се подготвува испорака за Украина и на британски противбродски ракети, тенкови од источноевропските држави и оклопни возила од Австралија.
Американското разузнавање верува дека рамниот терен со широки пространства во источна Украина, ќе налага употреба на оклопните капацитети и артилеријата.
– Руската офанзива веројатно ќе наликува на борбата која се одвиваше во Донбас во изминатите осум години, но на стероиди. Прашање е дали Украинците ќе ја преживеат, а искрено, тоа е отворено прашање – смета Дејв Џонсон од американскиот тинк-тенк, корпорацијата РАНД.
Очекуваната пресудна битка за Донбас ќе се разликува од сите досегашни
Русија има над 70 баталјонско-тактички групи во Источна Украина, засилени од единици повлечени од северот на Украина, а овие трупи се поддржани од артилеријата испратена од базите во Русија.
– Обновеното војување во Донбас ќе биде поголемо, понасилно и во поголема мера очајничко отколку конфликтот што трае од 2014 година – заклучува „Политико“.