-Дводневната посета во Македонија на бугарската делегација, составена од високи државни претставници од тамошната власт и опозиција, со искористениот повод – отворање клуб во Битола, финансиран од бугарската влада, со името на контроверзниот историски лик Ванчо Михајлов, предизвика бура од реакции, прашања и осуди во македонската јавност.
Постојат повеќе основи за реакција на македонската извршна и судска власт по повод пишаните и искажани зборови со кои бугарските политичари флагрантно ги прекршија Уставот и законите во Македонија, демонстрирајќи фашизам на отворена сцена и загрозувајќи ги територијалниот интегритет и
суверенитет на Македонија. Аналитичарите се категорични дека владеењето на правото не смее да биде доведено во прашање и неопходна е итна и неодложна акција на македонското правосудство за заштита на Уставот и законите во државата.
Изјавите на претставниците од бугарската делегација (особено на потпретседателката Илјана Јотова), а подоцна и соопштението на самиот клуб од Битола, за причините за негово именување со името на Михајлов, во најголемиот дел од македонската јавност беа доживеани како политичка провокација од претставници од странска држава, со импликации за загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, како и глорификација на фашистичката идеологија.

Прочитајте повеќе во утрешниот број на „Нова Македонија“

(ОБНОВЕНО) – ЛИНК до објавената содржина


 

Утре прочитајте и:

ПРАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ ЕДНОГЛАСНИ
Направени повеќе тешки кривични дела со кои се урива уставниот поредок на Македонија

(ОБНОВЕНО) – ЛИНК до објавената содржина