КУГЛАЊЕ

Кугларите на Макпетрол ја освоија двојната круна во годинашната натпреварувачка сезона, со што на најдобар начин годинава го прославија јубилејот 45-години постоење. „Нафташите“, по неодамнешната рекордна 21. круна во домашниот шампионат, сега триумфираа по 11-ти пат и во Купот на Македонија, кој се одржа во новата куглана во Битола, во конкуренција на пет клуба. Макпетрол го освои првото место со 3.400 соборени кегли, второто место му припадна на домашниот клуб Пелистер (3.243), трет е Макпетрол Б (3.321), четврти ГТЦ (3.128), додека петти, последен, заврши Империјал (3.118).
По завршувањето на турнирот беа прогласени и најдобрите екипи во домашниот екипен шампионат. Во машка конкуренција, победничкиот пехар и медалите ги доби Макпетрол, додека во женска конкуренција, Пелистер Пин А.
Српскиот куглар Урош Јегличиќ (Макпетрол), со просек од 601 соборена кегла по натпревар, е прогласен за најдобар играч на сезоната во машка, а битолчанката Стефанија Алексовска во женска конкуренција. Трофеите на најуспешните им ги додели претседателот на Кугларската федерација на Македонија (КФМ), Предраг Николиќ.