Министерот за економија Крешник Бектеши даде потврден одговор на најавата за изградба на нов стопански капацитет во ТИРЗ Кичево одговарајќи на новинарско прашање при неодамнешната посета на Кичево.
– Најавата од пред неколку месеци за изградба на стопански капацитет во ТИРЗ Кичево наскоро ќе се ефектуира. Не можеме со целосна прецизност да потврдиме кога точно ќе се реализира овој проект поради актуелните состојби во светот, но сепак, за очекување е во текот на оваа календарска година, во Кичево да влезе уште една странска инвестиција, каде свое вработување ќе најдат поголем број невработени лица од градот и регионот, што ќе придонесе и за намалување на иселувањето што забрзано се случува последните неколку години – нагласи Бектеши.
Овој капацитет е дел од најавите од пред неколку месеци, каде што покрај во Кичево, предвидено е нови капацитети да се изградат во Скопје и во Штип. З.А.