Под мотото „Наша планета, наше здравје“, денес се одбележува 7 април, Светскиот ден на здравјето.
Во тој контекст, на Светскиот ден на здравјето, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателката на Советот, Габриела Илиевска, имаа средба со претставници на Здружението „Борка – За секој нов ден“, на која со претседателката на здржението Биба Додева, разговараа за состојбата со заболени од рак на територијата на општината Битола, за помошта и поддршката која им е потребна на тие лица, како и за ресурсите кои може да бидат искористени на локално ниво за подобрување на состојбата на пациентите.
Согласно спроведената анкета за испитување на јавното мислење за функционирање на Комисии за права на пациентите во единиците на локалната самоуправа и резултатите од истата, се јави потреба за формирање на Комисија за правата на пациентите.
Претседателката на „Борка“ предложи, општина Битола во својата програма да преземе активности за креирање на ваква комисија која ќе биде од голема важност за унапредување и заштита на правата на пациентите, со оглед на тоа дека Битола треба да биде лидер во Регионот и да ги искористи и унапреди сите постиечки капацитети за подобрување на квалитетот на здравствените услуги.
Иницијативата беше прифатена од страна на Коњановски и Илиевска, додека постапката за формирање останува да биде дефинирана и спроведена во следниот период, во кој се очекува поголема и долгорочна соработка помеѓу општината и Здружението.
М.М.