Илјадници украински бегалци се наоѓаат во мексиканскиот пограничен град Тихуана, чекајќи да бидат прифатени во САД.
Секој ден во САД влегуваат по околу 150 Украинци кои пристигнуваат со туристички визи во Мексико, од каде се упатуваат кон САД каде бараат засолниште, соопштува американската телевизиска станица „Си-би-ес“.
Спортската сала во Тихуана е претворена во прифатен центар за украинските бегалци. Во пограничниот град вчера имало околу 1.700 бегалци од Украина.
Минатиот месец американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека САД ќе прифатат сто илјади украински бегалци.
Од почетокот на руската агресија кон крајот на февруари, повеќе од 4,2 милиони бегалци ја напуштија Украина, најмногу од нив во соседните Полска и Романија.