Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на Украинците преку видео порака на Фејсбук од пред претседателската палата.
– Смислените мировни и безбедносни преговори се единствената шанса Русија да ја намали штетата од сопствените грешки. Време е за запознавање. Време е за разговор. Време е да се врати територијалниот интегритет и правдата за Украина. Во спротивно, загубите на Русија ќе бидат такви што ќе ви требаат генерации за повторно да зајакнете – му порача Зеленски, меѓу другото на рускиот претседател Владимир Путин.
Украинскиот претседателутрово одговори на настапот на рускиот лидер Путин на стадионот во Москва, упатувајќи мрачна порака.
Зеленски се огласи еден ден откако Путин ја пофали „специјалната воена операција“ во Украина како „херојска“ мисија на руската војска за време на патриотскиот митинг на стадионот Лужники во Москва пред десетици илјади Руси.
– Сто илјади луѓе пред стадионот, заедно со 95.000 во самата арена, приближно одговараат на бројот на руски војници кои влегоа во Украина – истакна Зеленски во денешната видео порака.
– А сега замислете 14.000 мртви тела на овој стадион со уште неколку десетици илјади ранети и осакатени – нагласи тој, мислејќи на украинските проценки за руските загуби од почетокот на војната.
Зеленски уште еднаш повика на итен прекин на конфликтот.
– Војната мора да заврши, предлозите на Украина се на маса, изјави украинскиот претседател.
Русија почна воени операции во Украина на 24 февруари.
Регионалниот гувернер на Киев, Олексиј Кулеба, истакна дека најмалку 50.000 цивили биле евакуирани од борбените зони северно и северозападно од главниот град рано утринава, а властите продолжуваат со спасувачките напори.
Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович денеска рече дека избиле неколку борби меѓу руските и украинските сили на аеродромот Чернобаевка, во близина на Керсон во јужниот дел на Украина.