Здрава храна
За сите што постат пред Велигден нудиме еден предлог за вкусен оброк, ќофтиња од соја и зеленчук.
Состојки: една главица кромид, едно чешне лук, два варени компири, еден голем варен морков, еден варен целер (корен), 100 грама соја, која претходно сте ја потопиле во вода, прстофат мајчина душичка, „зачинал“, црн пипер, магдонос, свежи мирудии, две лажици брашно.
Приготвување: Исечкајте ги кромидот и лукот, а компирот, целерот и морковот сварете ги. Исечкајте ги магдоносот и мирудијата. Кога зеленчукот ќе се свари, исцедете го и изрендајте го. Сојата исцедете ја и спојте ја зеленчукот, додадете ги зачините, брашното, кромидот и лукот и сѐ измешајте. Обликувајте ќофтиња, извалкајте ги во брашно и пржете ги на врело масло.
Послужете ги со свежа салата.