Фото: Маја Јаневска-Илиева

Продажбата на влезници започна вчера, и тоа онлајн на интернет-страницата на МК тикетс, а можат да се купат и на сите продажни места низ Македонија

РАКОМЕТ

Mашката сениорската репрезентација на Македонија в четврток (17 март), со почеток во 19 часот, во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе го одигра првиот бараж-натпревар во рамките за пласман на Светското првенство (СП) во Полска и во Шведска во 2023 година против соодветната селекција на Романија (реваншот е на 19 март). Вкупниот победник на дуелот Македонија – Романија ќе игра со Чешка во април.

Продажбата на влезници за овој натпревар започна вчера, и тоа онлајн на интернет-страницата на МК тикетс (https://mktickets.mk), а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК тикетс низ Македонија по цена од 100 денари.
РФМ исто така информира дека натпреварот ќе биде организиран во согласност со важечките протоколи за организација на спортски настани и одлуките на Владата за превентивни мерки против ковид-19. За влез во спортскиот објект и следење на натпреварот, потребно е лицата да поседуваат и да приложат еден од следниве документи, сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) против ковид-19 или сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравување.
Македонија игра за деветтиот настап на светските првенства, а седми во низа.