Овие неизвесни времиња натераа голем број луѓе да направат мала резерва од некои намирници, а пред сѐ од брашно. Рафтовите во продавниците по почетокот на војната во Украина прекуноќ се испразнија. Токму поради тоа што во многу домови има големи количества брашно, не е лошо да знаеме колку може да трае тоа и како изгледа кога ќе се расипе.
Иако брашното е намирница што топлински се обработува и содржи мало количество влага, треба да знаеме како да го користиме. Најдобро е обичното брашно да се употребува од шест до осум месеци по напишаниот датум, додека целокупно најдобро е да се користи четири-шест месеци од истиот датум. За да му го продолжите рокот на траењето на брашното, можете да го чувате во фрижидер, па дури и во замрзнувач. Со чување во фрижидер, рокот може да се продолжи и до една година, додека ако се чува во замрзнувач може да трае и до две-три години. Клучна улога игра и видот на брашното, а најдолго трае обичното бело брашно, додека она со цели зрна, вклучувајќи го и интегралното, има пократок рок на траење.
Како изгледа расипаното брашно? Еден од најдобрите показатели дека брашното е расипано е мирисот. Доколку забележите дека мириса чудно, тоа е знак дека морате да го фрлите, па дури и ако рокот покажува дека може да се користи. А важи и спротивното, ако рокот поминал, а брашното е во добра состојба, можете да продолжите да го користите уште извесно време.
Знак дека брашното е расипано е и ако ја смени бојата или во него се појава молци или мувла.
До појавата на молци главно може да дојде поради влажност или висока температура. Дури и ако брашното го чувате на темно место во шпајзот, не сте ја завршиле сосема работата. Најдобрата опција да го заштитите од инсекти и мувла е да не го чувате во хартиени ќесиња, туку во затворена тегла или во фрижидер. Имајте предвид дека светлината и топлината можат да го расипат брашното побрзо од датумот запишан на пакувањето, па затоа потрудете се да го чувате подалеку од рерната или од други извори на топлина и светлина.