Според ОВД-Инфо
Русија приведе над 5.000 лица, кои протестираа против руската инвазија врз Украина, во десетици градови во текот на вчерашниот ден.
Според официјални информации, на ОВД-Инфо од следење на апсења за време на протести, полицијата приведе, најмалку, 5.016 луѓе во 60 градови, на антивоени приговори.
Како што јавуваат медиумите, станува збор за невиден број на апсења во еден ден, јавува МИА. Далеку повисок број, од апсењата за време на бранот протести, што се одржаа во земјата минатата година, кога опозицискиот лидер Алексеј Навални беше затворен.
Навални ги повика Русите да протестираат против војната, во апел од неговата затворска ќелија. Демонстрантите, со излегување на улица, ризикуваат да бидат осудени на затворска казна. Официјални документи покажуваат дека 2.394 лица се уапсени во Москва. Во Санкт Петербург пак, приведени се, најмалку, 1.253 демонстранти.
Протести имаше и во помали градови во руски региони.