Општината Кисела Вода реализира голема есенска акција за чистење. Комунални работници екипирано работеа на целосно расчистување на сметот во урбаните заедници Бирарија и Цветан Димов.
Со работната акција во овие урбани заедници се чистеа тротоарите, улиците и тревните површини што се во надлежност на локалната самоуправа.
Сезонските работници што беа ангажирани од општината Кисела Вода, покрај тоа што го расчистуваа комуналниот смет, собираа и кабаст отпад. Според евиденцијата на одговорните од Кисела Вода, во акцијата биле собрани 8 тони смет.
Eсенската акција за чистење на Кисела Вода, в четврток и петок ќе продолжи да се одвива во урбаните заедници Кисела Вода и Расадник. И таму ќе се чисти сиот комунален и кабаст отпад за да се исчистат сите јавни површини од расфрленото ѓубре.
Од локалната самоуправа повторно апелираат до граѓаните отпадоците да ги одложуваат во поставените канти и контејнери за отпад и да се придржуваат до Законот за јавна чистота. На тој начин не само што ќе придонесат за почиста и поубава општина туку и за почиста животна средина.